ЖРК Вардар до првиот трофеј сезонава

Куп на Македонија, финале, СРЦ Кале, Скопје

11.05.2014 ЖРК Вардар СЦБТ 43-17 ЖРК Металург

Во реприза на минатогодишното финале, бранителот на титулата капитулираше пред ѕвездените тим на Вардар, но пружи достоен отпор за финале какво што заслужува грогираниот македонски женски ракомет.
По почетните 30 минути, Металург со одлична одбрана го искористи недостатокот на мотив кај вардарки и имаше минимално водство од 14-15. Во текот на целото прво полувреме Металург го контролираше резултатот со минимални 1-2гола предност, се до 25-та минута кога со голот на Маневска ги имаше највисоките 3 голови разлика 8-11, на што Вардарки возвратија со серија од 3-0, за на крај на првиот дел да не искористат шанса да отидат на пауза со нерешен резултат.
Второто полувреме го донесе посеризниот пристап во одбраната и со головите на Џокиќ, Лекиќ и Радичевиќ, Вардар ја презеде контролата на играта во големот финале. Суслина блескаше на голот и беше единствениот виновник за водството на Вардар од 8 голови, 28-20 во 50′. До крај играта беше само формалност и Вардар очекувано ја освои својата прва титула во Купот на Македонија.
За најкорисен играч и прв стрелец на турнирот беше прогласена Мирјета Бајрамовска, додека Ина Суслина ја доби наградата за најдобар голман.