ЕХФ ЕУРО купот пишува нова ракометна историја (ВИДЕО)

Во рамките на ЕХФ неделата ќе започне и најновото европско натпреварување, ЕХФ ЕУРО Куп. Во премиерниот турнир ќе учествуваат четири држави, а тоа се четирите репрезентации кои се директни учесници на Европското првенство во 2020 година.

Учесници на овој турнир ќе бидат организаторите: Австрија, Шведска и Норвешка како и актуелниот европски првак, Шпанија. Овие држави во термините кога ќе се одигруваат квалификациите за Европското првенство ќе одиграат два меѓусебни дуели со цел да ја одржат формата за престојното Европско првенство.

Првите два натпревари започнуваат утре. Шведска во Малме ја пречекува Австрија, додека Норвешка во Стјордал игра против Шпанија. За 28 октомври се закажани реваншите од овие пресметки.

ЕХФ ЕУРО купот, испишува нова историја во ракометот, со оглед на тоа дека за прв пат три земји ќе бидат домаќини на континенталниот собир, а таквата практика ќе продолжи и во иднина. Со сигурност овој настан ќе привлече голем број на гледачи, а привилегираните репрезентации ќе ја одржат својата форма и чекорот со оние кои учествуваат во квалификацскиот циклус.