ЕХФ ги објави сатниците за финалниот ден

Европското првенство во Полска се ближи кон својот крај. Денот во Краков е посветен на медиумите, а веќе утре сите очи на ракометната јавност ќе бидат вперени во финалните натпревари.

Европската ракометна федерација ги одреди термините за одигрување на натпреварите за златен и бронзен медал. Како и досега стандардно од 15:00 ќе се одигра натпреварот за трето место меѓу Норвешка и Хрватска, додека по финалето меѓу Германија и Шпанија, кое е закажано за 17:30, Европа ќе добие нов шампион.