ЕУРО 2020 доби химна – Сите за еден, еден за сите (ВИДЕО)

Како и сите спортски настани кои што имале песни за незаборав, така и Европското првенство што ќе се одигра во јануари 2020 година си доби своја песна. Автор е диџејот Валштет од Шведска, а песната е насловена со името „All for us“. Таа за првпат беше презентирана на ждрепката која се одржа во Виена.

„Композицијата има одлична мелодија и е многу енергична. Перфектна е за слушање на радио, во автомобил, додека имате тренинг и секако во арена. Значењето на текстот „еден за сите, сите за еден“, е бидејќи никој не може да победи сам, треба да се биде сплотен, да се биде тим и фамилија“, вели Валдштет.