ЕУРО 2016 АНАЛИЗА: ТОМЕ ПЕТРЕСКИ ЗА БЕЛОРУСИЈА

Со натпреварот меѓу Белорусија и Хрватска официјално ќе биде отворен натпреварувачкиот дел од Европското првенство во Полска 2016.

Националниот тим на Белорусија за прв пат учествувал на големите натпреварувања во 1994 година во Португалија, каде го освојува солидното осмо место. Освен Португалија, Белорусија учествувала на Европското првенство во Норвешка 2008 година (без некој позначаен успех, освојувајќи го 15-то место) и на Европското првенство во Данска каде завршила како 12-та.

Белорусија на Европското првенство во Полска е во групата Б во Катовице. Таму силите ќе ги одмерат со репрезентациите на Хрватска, Исланд и Норвешка. Оваа група може да се каже дека е една од најизедначените групи на ова Европско првенство. Група составена од солидни репрезентации, но сепак не би рекол дека тоа ќе бидат репрезентации кои би се бореле за највисок пласман и освојување на едно од првите три места. Можеби тука е и шансата за изненадување на Белорусите и премин во вториот круг.

Белорусија води национална стратегија за развој на ракометот, а доста време помагаше нивниот некогаш најдобар тим Ска Минск. Истотака вложи и големи финансиски средства да ја врати во националниот тим најголемата белоруска ѕвезда Сергеј Рутенка.

Националниот тим им е воглавно составен од играчи кои настапуваат во домашното првенство и тоа од екипите на СКА Минск и Мешков Брест.

Тоа се екипи кои немаат некоја позначителна улога во најквалитетните европски купови. Така што слободно можеме да констатираме дека се репрезентација од втор ранг. Но, никако не смее да се потцени нивниот квалитет бидејќи повеќе сезони се натпреваруваат заедно и  имаат помош од еден од најдобрите светски играчи, Сергеј Рутенка.

Националниот тим е под диригенската палка на Јури Шевцов, кој своевремено настапуваше за СССР со кој има освоено бројни медали.

Шевцов во националниот тим настојува да игра 6-0 одбрана и во зависност од противникот и резултатот можно е да се промени во 5-1. Одбраната одлично би функционирала кога би имала повеќе агресивност, со која сигурно би му помогнале на голманскиот двоец Чарапенка-Мацкевиќ, да можат да бидат на ниво на своите задачи.

Очигледно е дека Белорусија се обидува да игра модерен ракомет, бргу развивајќи ја одбраната во игра на транзиција со цел да се постигне гол.

Во нападот главна алка им е Сергеј Рутенка, кој игра на сите бековски позиции, а по потреба одлично се снаоѓа на пивотменската позција.

Во главно играта на Белорусија се базаира на Рутенка, Николенкау, Шиловиќ и Бабичев.

BelKligrac

Клучни ракометари во составот на Белорусија

СЕРГЕЈ РУТЕНКА -Моментално нема клуб, а пред извесен период замина од Лехвија од Катар.Освен белоруско државјанство тој се здоби и со словенечко  тоа во времето кога настапуваше за Пивоварна Лашко од Целје со кој ја освои првата клупска европска титула.Потоа се пресели во Шпанија како играч на екипата на Суидад Реал со која три пати ја освојува Лигата на шампионите, за потоа да се пресели во еден од најтрофејните клубови на светот, Барселона.Неговите успеси го пратат, Рутенка е голем победник и повторно со Барслона ја освојува Лигата на шампионите.

СЕРГЕЈ ШИЛОВИЌ -Одличен играч кој игра на една од најдефицитаните позиции во ракометот десен бек, игра во два правци на позиција број два и одлично се снаоѓа во одбрана, а особено при транзиција(развој на полуконтра).

Во нападот можно е да се случи да го видиме на десно крило. Како бек е доста мудар и не е некој што залудно ги губи топките.Секогаш чека да дојде до добра позиција за шут и секогаш има добра реализација.

ДМИТРИ НИКОЛЕНКАУ– Член на Мешков Брест, одличен организатор на играта на Белорусија, доста подвижен, играјќи и без топка. Негова главна карактеристика му е изненадувачкиот шут од чекор. Играч кој доста вложува во напад, но во одбрана прави измена.