ЕУРО 2016 АНАЛИЗА: СТЕВЧЕ АЛУШОВСКИ ЗА ИСЛАНД

Исланд е ракометна земја која oд 2000-та година е постојано присутна на континенталниот собир. Најголем успех го забележа во 2010-та година во Австрија кога заврши на третото место и се закити со бронзениот медал. На последното Европско првенство кое се одржа во Данска, избраниците на селекторот, Арон Кристијансон, завршија на петтото место.

Во Полска, селекцијата на Исланд ќе игра во групата Б против Норвешка, Белорусија и Хрватска. Исланд во Полска ќе пристигне преку квалификациската група 4 каде беше заедно со Црна Гора, Србија и репрезентацијата на Израел. Во шест квалификациски натпревари забележа четири победи, едно реми и еден пораз.

Исландската репрезентација се состои од искусни ракометари кои настапуваат во Германија, Данска, Франција и Шпанија. Најзвучни имиња во ростерот на Кристијансон се Арон Палмарсон и Гудјон Валур Сигурдсон.

Стевче Алушовски за репрезентацијата на Исланд

Исландската репрезентација ја предводи Арон Кристијансон кој на кормилото на исландскиот брод дојде по смената на Гудмундор Гудмундсон во септември 2012 година. Арон Кристијансон ја предводеше репрезентацијата на последното ЕП во Данска каде се пласираа на одличното 5-то место. Млад тренер од плеадата исландски тренери кој што за ова Европско првенство има проверен тим на располагање , тим кој што долго време игра заедно и на кој што по неговите изјави примарна цел ќе биде обезбедување место кое води во олимписките квалификации.

Репрезентацијата на Исланд е составена од ракометари кои што настапуваат во најсилните европски лиги, а секако најпознати од нив се Гудјон Валур Сигурдсон (клупскиот колега на нашиот капитен) и Арон Палмарсон. Истотака на располагање на селекторот се и Атласон, Снори Гудјонсон , Александер Петерсон (не настапи на последното ЕП) и Роберт Гунарсон. Тоа се играчи кои играат во клубови од типот на Рајн-Некар Ловен , ПСЖ и сл.

Групата Б во која се наоѓаат уште и Хрватска, Норвешка и Белорусија, добриот распоред (за Исланд најважен ќе биде првиот натпревар со Норвешка) како и тимот кој што го има на располагање Кристијансон ги прави реални неговите амбиции тие да бидат најдобро пласираната репрезентација од сите репрезентации кои не се пласирале сè уште за квалификациските турнири за ОИ во Рио 2016.

Играта на исландската репрезентација во напад се темели на нивните бекови тука пред се мислам на Палмарсон, Атласон, Петерсон и Гудјонсон и нивната брза игра со голем број на промени на места како со, така и без топка. Главен двигател на исландската репрезентација во нападот треба да биде Арон Палмарсон за кој во исландските медиуми се поставува прашањето дали тој е лидер кој што може да ги однесе на пиедесталот како што тоа го правеше нивниот прославен ас Олафур Стефансон. Секако кога сме кај нападот треба да се истакне и најдобриот стрелец во исландскиот тим левото крило Г.В.Сигурдсон. Мислам дека нивна најслаба карика во играта на позицион напад се десните крила Олафсон и Гунарсон.

Исландската репрезентација можеби не е најдобрата репрезентација кога зборуваме за позициониот напад но секако е една од најдобрите во играта во транзиција,(контра, полуконтра и продолжена полуконтра), нивното најсилно оружје после играта во одбрана, според мене тоа е тајната на нивниот успех.

Играта во одбрана во која што прават две измени во однос на нападот е нивното најсилно оружје , борбеност која се граничи со фанатизам посебно во срцето на зоната 6-0 која што им е основна зона и каде што играа два специјалци за одбранбени задачи на претходното првенство Сваварсон и Јакобсон. Мал хендикеп за ова првенство може да биде неиграњето на Јакобсон кој што беше еден од носителите на таа одбранбена формација.

Голманите се најнепредвидливиот дел од исландскиот тим и може да се каже најслабиот дел од оваа репрезентација години наназад, па не е ни чудо што натурализираа голман од Шведска (Нилсон), кој не е во ростерот од 28 за ова првенство.

Што се однесува до нивните противници во групата Б, која се игра во Катовице: Хрватска , Норвешка и Белорусија, мислам дека за Исланд најважен ќе биде првиот натпревар скандинавското дерби против репрезентацијата на Норвешка и доколку го добијат сигурно ќе пренесат најмалку 2 бода во втората фаза. Aпсолутни фаворити, ако може да се каже такво нешто за натпревар од ЕП, ќе бидат на дуелот со Белорусија. Доколку ги добијат двата први натпревари полни со самодоверба, не е чудно без притисок и императив за победа да ја изненадат и Хрватска која премногу лесно се откажа од некои свои стандардни репрезентативци.

islcg

Клучни играчи

  • АРОН ПАЛМАРСОН – 25 годишниот Арон Палмарсон е исландскиот среден бек кој што е новиот голем талент и лидер на Исланд, играчот кој што треба да ја замени, незаменливата легендата на исландскиот ракомет Олафур Стефансон и да ја поведе репрезентацијата на Исланд до нови одличја. Дебитираше за националната селекција на Исланд со 18 години и беше дел од составот кој освои бронзен медал на ЕП во Австрија 2010. Со екипата на Кил двапати беше европски шампион (2010 и 2012)година, а моментално е член на унгарскиот Веспрем. Ова ќе биде негов четврти настап на ЕП.

 

  • ГУДЈОН ВАЛУР СИГУРДСОН – Незамисливо е да се зборува за исландската репрезентација, а при тоа да не се помисли на нивното лево крило (летечкиот) Гудјон Валур Сигурдсон (34), капитенот на тимот на Исланд и нивни клучен играч повеќе од една деценија. Ова е неговото 9-то ЕП (првото е далечната 2000 во Хрватска, кога Исланд го освои 11то место). Во својата богата играчка кариера настапувал за Тусем Есен, Гумерзбах, Рајн-Некар Ловен, Кил и од 2014 год. е член на Барелона со која во 2015 год. ја освои Лигата на шампионите. Негови најголеми репрезентативни успеси се среброто од ОИ 2008 во Пекинг и бронзата од ЕП 2010 во Австрија .

 

  • АЛЕКСАНДЕР ПЕТЕРСОН – Десниот бек на Исланд, Александер Петерсон (36) кој долго време беше во сенка на Олафур Стефансон во моментот е еден од носителите на исландската репрезентација, играч кој игра во два правци и многу и недостасуваше на репрезентацијата на ЕП во 2012 во Данска.Петерсон беше избран во најдобриот тим на СП 2011 во Шведска, а во својата богата играчка кариера настапувал за Дизелдорф, Гросфалштат, Флензбург, Фуксе Берлин и Рајн-Некар Ловен со кој го освои ЕХФ купот во 2013 година. Негови најголеми репрезентативни успеси се среброто од ОИ 2008 во Пекинг и бронзата од ЕП