ЕУРО 2016 АНАЛИЗА: ДАНИЛО БРЕСТОВАЦ ЗА ФРАНЦИЈА

ВО СЕНКА НА МАРСЕЉЕЗАТА
Франција е актуелен олимписки, светски и европски шампион. Полјаците како домаќини на Европското првенство ни нудат нова можност да викнеме на цел глас- Кралот е мртов , да живее Кралот !
Популарните експерти, никогаш поранливи, никогаш вака конфузни. Дали ракометниот тренерски чудотворец, Клод Онеста, ќе пронајде игра која повторно ќе нè фрли во очај или ќе дојде до прекин на француската доминација во светскиот ракомет. Да, вистина е им недостасуваат дури шест играчи на бековската линија – Гребиј, Акамбре, Фернандез, Бараше, Нокас и Н’Гесан…
Каде е проблемот , каде е равенката со една или две непознати за Онеста?
Проблем во ротација , Никола Карабатиќ и Даниел Нарцис, како носители се добри , но нивни замени ?! Ќе почнам со најбитниот, најдобриот, носителот на проектот „Полска 2016“ и општо во оваа селекција во изминатиов период-Никола Карабатиќ. Нему, последните шест месеци, му беа многу долги во дресот на ПСЖ , имаше повреда на лицето, лактот и адукторот, три пати паузираше, три различни повреди и сега испушти дел од подготовките.
Лудовик Фабрегас, Николас Клер, Адриан Дипанда , Беноа Кункуд и Оливје Нокас, првпат беа селектирани во 2015-та година, а на нив, годинава, ќе им се придружат Тео Дерот и Недим Ремили, нови експерти кои за првпат ќе го почувствуваат начинот на работа во најдобрата француска селекција. Не гледам лев бек, не гледам играч-шутер, не гледам играч кој би направил разлика во важен миг, разлика која би била доволна за медал.
Оливје Нокас, одличен напаѓач, но со фабричка маана- отсуство на одговорност, тенок во одбраната. Тео Дерот можеби е млад, низок за мои стандарди, но е најдобар кај Французите во генерацијата 1992/93. А можеби токму тој со својата минутажа на европското првенство ќе биде влогот на Онеста за Олимпијада.
Ништо, сметам дека тренерот ќе мора да ги троши многу Нарцис и Карабатиќ !
Втората непозната -десен бек
Го нема Барашет! Кој е таму ? Адриан Дипанда. Се враќа од повреда на глуждот, околу два месеца го нема во тренинг процес, а тука станува збор за турнир-секој втор ден натпревар, а тој го нема натпреварувачкиот ритам.
Дебитантот Недим Ремили? Не верувам, останува сепак импровизација во Валентин Порт !
 
На крилата на „Air France“ класика и понатаму. Онеста ќе држи рамнотежа со Микаел Гигу и Лук Абало. На линијата од шест метри е Седрик Сорандо- најдобриот „пивотмен“ во светот и еден од важните одбранбени поливалантни играчи во бедемот пред голот на популарниот Тити Омејер. Тука е и шефот од клупата задолжен за одбрана, Дидие Динар.
 
Толку за нападот , да фрлиме око на одбраната. Две комбинации може да ни понудат овој тип на играчи во ростерот, зона 6-0 или 5 -1 .
 
Одбраната 6-0  по мене е најдобрата можна варијанта, но сигурно Дидие  Динар ќе сака да не’ изненади. Еден и шест, Лук Абало и Микаел Гигу , два и пет, Валентин Порт и Седрик Сорандо , три и четири- браќата Карабатиќ Никола и Лука. Тука имаме една измена, Лука Карабатиќ со Даниел  Нарцис. Тоа е она што го очекувам како најдобри шест одбранбени играчи, иако може да се измеша и со Лудовик Фабрегас и Седрик Сорандо- на три и четири. Но, ќе нема така брза транзиција , можеби ова ќе го чува само како ротација.
 
Во зоната 5-1 има повеќе опции, со интелигентниот Гигу, со Мае или останува варијантата ако Нокас не се замени да остане напред како преден играч.
Мислам дека Клод Онеста  не може да не’ изненади со ништо во поставките на самата игра. Може само да направат разлика во квалитет, индувидуалните квалитети на Карабатиќ, Нарцис, Сорандо, Абало, Гигу.
Уффф, да не го заборавам Тјери Омејер кој е искусен, смирен, квалитетен. Долго време во врвен ракомет и се уште гладен за големи натпревари за големи претстави на голот. Предизвик за напаѓачите- како да се промаши најдобрата единица во светот на ракометот.
 
Подготовките се одвиваа во три фази : првата фаза од 26 до 30 декември во Капбретон, од 2 до 7 јануари во Руен и последната фаза од 8 до 13 јануари во Париз. Во последната фаза се одигра турнирот „Golden League со учество на селекциите на Катар , Данска и Норвешка. Турнир кој би требало да им ја покаже реалноста на Французите.
 Клучни играчи на репрезентцијата на Франција

FranKluc

Тјери Омејер -И покрај годините еден од најдобрите и најискусни ракометни голмани. Самиот факт што на Светското првенство во Катар беше избран за најкорисен ракометар, говори за нивото на кое се наоѓа францускиот голман. Позади своето име Омејер ги запишал сите тимски и индивидуални награди, а во првата половина од оваа сезона неговите интервенции повторно беа меѓу најдобрите голмани.
Никола Карабатиќ – Најдобриот ракометар на светот е предводник на новата Франција, која изминативе години доминира во ракометот. Настапува за екипата на ПСЖ, која успеа за рекордно обештетување да го откупи неговиот договор со Барселона. Одличен напаѓач со сила, брзина, агилност и пред се одлична координација и прегледност на играта, неговите квалитети и во одбраната го прават единствено најдобар.
Сидрик Сорендо -Корпулентиот пивот на Барселона со својата појава, искуство и прецизност е вистински владетел на пивотменската линија. Неговата доминантна висина надополнета со одличната координација и прецизен удар го сврстуваат пивотот на Франција меѓу најдобрите во светот.