Еурофарм Работник се врати на стариот курс: Следната фаза ќе биде само сон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипата на Еурофарм Работник не успеа да издржи уште еден натпревар до крај и претрпе минимален пораз. И овој пат со еден гол разлика, но сега од тимот на Татран Прешов со 23:24.

Во еден ден од средбата битолчани имаа 21:17, што е предност која само треба искусно да се чува до крај. Сепак, кога најмногу требаше дојде криза и десет минути без гол при што веќе се губеше со гол разлика, па беше тешко да се надомести. На тој начин ракометарите на Еурофарм Работник влегоа во финиш во кој решаваше секој удар. Немаа среќа во последниот напад, а потоа примија гол и мораа да се помират со пораз од 23:24.

Сега ќе имаат можност да ги средат впечатоците и после ЕХФ-неделата да се обидат да го сменат курсот и конечно да почнат овие вакви дуели да ги решаваат сосема поинаку односно да доаѓаат до победи.