Еурофарм Работник остана без тренер!

По поразот од Татабања, 21-31 екипата на Еурофарм Работник остана на дното на табелата во Б групата во Купот на ЕХФ, но изгледа битолчани ќе треба да барат и нов тренер. Неофицијално како што дознава 24ракомет веднаш по завршување на натпреварот тренерот на македонскиот тим Ѓорѓе Чирковиќ им најавил на ракометарите дека повеќе нема да соработуваат.

„Несакам да работам со вакви неодговорни играчи. Не го направивте она што го побарав од вас. Ви благодарам,, им кажал Чирковиќ на играчите во соблекувалната.

По прес – конференцијата Чирковиќ воопшто не се врати кај играчите туку ја напушти салата. Во ходниците во салата „Боро Чурлевски“ во Битола веднаш се зборува дека тренерот поднел оставка, и дека управата веќе размислува за негов наследник. Освен ако по преспиената ноќ не се случи спротивното па Чирковиќ да се пишмани.

Утрото е помудро од вечерта.