Елена Муратовска во 24Анализа за натпреварот ЖРК Вардар – РК Крим Меркатор

Ракометарките на ЖРК Вардар денес со почеток од 19ч во СЦ „Јане Сандански” го пречекуваат шампионот на Словенија, РК Крим Меркатор во вториот натпревар од главната фаза во ЛШ. Свое видување за овој натпревар даде поранешната ракометарка на Кометал-ЃП, Елена (Златановска) Муратовска.

РК Крим Меркатор своето богато реноме почнува да го гради од 1984 година за веќе од 1993 година да учествува во европските квалитетни натпреварувања. И овој клуб како останатите го прифати подмладувањето на екипата  што не им претставува никаква пречка да се носат и со другите звучни имиња во Лигата на шампионите. Со искусната Сергеја Стефанишин на голот, преку расположената бековска линија Мирјета Бајрамовска и Мелани Бак ( веќе го напушти Крим) како и преку брзите контри на крилните играчи Алја Корен и Тамара Мавшар, овој тим успеа да си ја заврши солидно својата задача за влез во Главната фаза, претходно како трети во групата А со победите над Хипо од Австрија и Динамо од Русија.

Поразот од последниот натпревар на домашен терен од германската екипа Турингер им го донесе моментално 6-то место во главната фаза со два освоени бодови, веднаш зад ЖРК Вардар. Од сето тоа може да се заклучи дека словенечката екипа најмалку ќе се бори за бод во СЦ „Јане Сандански”. Ракометарките на ЖРК Вардар мораат да соберат сили, компактни и со добра комуникација пред се во одбраната да не дозволат никакво изненадување на домашен терен.

Не очекува неизвесен натпревар од кој крајниот епилог се надевам ќе биде во наша полза. Немаме право на грешка, Победата е нашиот императив.