Екатерина Веткова го напушти ЦСМ Букурешт

Романската екипа ЦСМ Букурешт сезоната ја продолжува без искусната ракометарка од Русија, Екатерина Веткова, која по настанатата ситуација во клубот реши да го напушти главниот град на Романија.

Веткова беше една од најзаслужните ракометарки за настапот на Букурешт во Лигата на шампионките оваа сезона. На социјалните мрежи, Веткова им се заблагодари на сите фанови за големата поддршка која пристигна откако романските медиуми објавија дека Русинката го напушта Букурешт.

Во својата кариера Веткова го носеше дресот на Лада, Звезда, Олчим и Астраханочка.