Драма во Скопје

Играјте со срце за Вардар“, ” Ајде ајде Вардаре“, “Сакаме победа” ова беа главните реченици кои оваа вечер доаѓаа од илјадници навивачи во преполната Борис Трајковски арена  и истите го доведоа Вардар до победа  од два гола што не беше доволно за македонскиот шампион да се квалификува на финалниот турнир во Келн. Германскиот тим благодарение на подобрата гол разлика , ќе има можност за прв пат во клубската историја да настапува на овој спектакуларен турнир.

Вардар– Фленсбург 27:25 ( 10:15 )

Пред почетокот на сезоната тешко кој очекуваше дека тимот кој најголем дел од играчите ги донесе во текот на летниот период ќе биде меѓу најдобрите клубови во Европа. Во групната фаза Вардар благодарение на подршката од илјадниците навивачи не им дозволи дури и на најголемите ракометни клубови да ги однесат двата бода од Скопје, но вистинска сензација  се случи кога македонскиот шампион успеа да го елиминира моменталниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Хамбург по победата на гостински терен во Германија .

По поразот од само два гола пред една недела во Германија, македонските шампиони имаа историска можност да бидат првиот македонски клуб кој се квалификлувал на финалниот турнир. Притисокот беше уште поголем за  тимот предводен од страна на Раул Гонзалес бидејќи целата нација очекуваше да го види овој тим на финалниот турнир во Келн.

Фото: www.ehfcl.com
Фото: www.ehfcl.com

Како што се очекуваше двете екипи го започнаа натпреварот со груба одбрана што резултираше со голем број на удари од линијата на седум метри.  Пред една недела Фленсбург најде решение за еден од најдобрите крилни играчи во светот – Тимур Дибиров , а денес тој е човекот кој го отвори резултат со погодок на седум метарската линија, но набрзо Егерт од истата позиција беше ефикасен и го доведе неговиот тим во предност во почетните минути на натпреварот.

Во наредните минути германците само ја зголемуваа предноста принудувајќи го Раул Гонзалес да го повика првиот тајм-аут во почетокот на 10-та минута. Отсуството на Ларс Кауфман не беше  забележително во првата половина на напреварот бидејќи германската бековска линија функционираше одлично. Тимот на Фленсбург  исто така одигра одлично во одбраната успевајќи да споре најголем дел од ударите на бековските играчи на Вардар што на крајот резултираше со пет гола предност во нивна полза.

Вторато полувреме започна оптимистички за Вардар и кружниот напаѓач Тоскиќ го отвори резултатот но набрзо  Кнудсен одговори со два последователни погодоци. Знаци на надеж за Вардар конечно се појавија по дванаесет минути игра во второто полувреме кога македонските шампиони, благодарение на двата последователни погодоци на Брумен ја намалија разликата на само еден погодок. Целата арена се крена на нозе кога Брумен уште еднаш беше ефикасен и го изедначи резултатот.

Набрзо шпанската млада надеж Душебајев се разбуди во втората половина постигнувајќи два гола и зголемувајќи ја разликата во полза на неговиот тим и со земајќи ја судбината во Вардарови раце во последните минути од натпреварот.

Фото: www.ehfcl.com
Фото: www.ehfcl.com

Голема драма се случи во одлучувачките минути и уште еднаш Душебајев и Брумен ја одржуваа разликата на страната на нивната екипа, но десет секунди пред последниот свиреж искусното данско крило Егерт постигнувајќи  погодок од линијата за седум метри линија го одведе германскиот тим Фленсбург на финалниот турнир во Келн.