Димитриевски и Синфин го срушија некогашниот европски првак Сиудад Реал!

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, успешно ја мина првата пречка во Копа Дел Реј.

Синфин на гостински терен го победи некогашниот европски шампион Сиудад Реал со 30-33 и се пласираше во осминафиналето.

Димитриевски беше прв стрелец на мечот и успеа да постигне шест погодоци. Противникот на Синфин во следната рунда ќе биде дополнително познат.