Десподовска го сруши полскиот вицепрвак

Македонската интернационалка Зорица Десподовска беше една од клучните фигури во нејзиниот тим Кобијержице во големата победа над полскиот вицепрвак Заглебје Лубин.

Кобијержице славеше изненадувачки со 27-26, откако и на полувремето имаше висока предност од пет погодоци, 17-12.

Десподовска беше втор стрелец во победничкиот тим и пет пати ја погоди мрежата на Заглебје, тим што го елиминира македонскиот првак Металург минатиот викенд од ЕХФ Купот со две високи победи.