Десното крило пред трансфер во Полска: Шишкарев има понуда од Келце!

Десното крило Данил Шишкарев, кој четврта година го носи дресот на Вардар, по крајот на сезоната би можел да се пресели во полскиот првак Келце. Како што информираат руските медиуми, рускиот репрезентативец веќе добил понуда од тимот предводен од Душебаев да се пресели во Полска.

Во Келце во овој момент на десно крило настапуваат Блаж Јанц, кој покрива и на десен бек, како и младиот полски репрезентативец Аркадиуш Морито.

30-годишниот Шишкарев потекнува од школата на Динамо Астрахан, каде настапуваше до 2009 година, а оттаму замина во Чеховски Медведи, каде што беше пет сезони.

Во Вардар дојде во 2014 година и беше дел од најголемиот успех на клубот, освојувањето на шампионската титула во 2017 година, но по најавата за заминувањето на Самсоненко од „црвено-црниот“ тим, ќе си замине и Шишкарев.