Деметрио Лозано и става крај на својата спортска кариера

<div align=”justify”>Шпанската ракометна легенда Деметрио Лозано се реши по завршувањето на оваа сезона да и стави крај на својата спортска кариера. Во интервју за весникот АС тој даде краток осврт на својата кариера како и за плановите во иднина.

Можев да ја продолжам спортската кариера, но сакав успешно и на добар начин да ја завршам сезоната.Покрај тоа професијата како универзитески  професор ми одзема многу време.

Лозано олимписки медаљи
фото:www.masdeporte.as.com

Со одиграни 223 натпревари со селекцијата на Шпанија, тој е единствениот интернационалец кој освоил 3 олимписки бронзени медали во Атланта, Сиднеј и Пекинг, иако смета дека во 2008 година селекцијата на Шпанија требаше да биде дел од олимпиското финале. Кариерата ја завршува и со медал од Светското првенство во Тунис, како и со четири  медали од европските првенства: три сребрени и еден бронзен. И на клубско ниво почнувајќи од младинскиот тим на Алкала, Адемар, Барселона, германскиот Кил, Портланд Сан Антонио и Арагон, може да се пофали дека ги освоил најважните национални и интернационални титули.

Имав голема желба да одиграм едно олимписко финале и бевме навистина блиску да го оствариме тоа во Пекинг. Си заминувам од ракометот со чувство дека оставам малку нереализирани желби.

Роден во Алкала Де Енарес, наредниот 26 септември ќе наполни 39 години, но физички оваа сезона покажа дека се уште го има натпреварувачкиот дух одбивајќи ги понудите на многу клубови да ја смени екипата со оглед на тоа дека одлично се снаоѓаше во Арагон, а подоцна заминува да живее во Сарагоса каде ја воспоставува својата кариера како универзитетски професор.

лозано професор
фото:dragondigital.es

Има уште многу работи кои сакам да ги направам за ракометот и мојот живот и понатаму ќе биде поврзан со овој спорт.Ова лето ќе ја изложам мојата докторска теза за ракометот. Давам часови на универзитетот Сан Хорхе ,отсек-ракомет, и понатаму ќе продолжам да соработувам со клубот и арагонската федерација.

Покрај тоа ќе продолжи со работа и кампот којшто се организира секое лето во теруелскиот локалитет Мора де Рубиелос кој во 2014 година го имаше своето 17-то издание, со кој активно соработува од 2007 година и го носи неговото име.Од победите кои му останале во најдобро сеќавање се првиот медал добиен на европскиот шампионат во Шпанија 1996 година,сребро кое им служеше да се квалификуваат на олимписките игри во Атланта каде што селекцијата на Шпанија повторно освојува сребрен медал, и секако еден од подрагите спомени е освојувањето на Мундијалот во Тунис.

лозано камп
фото:youtube.com

Неостварена желба му е олимпиското финале кое останува како аманет за идните генерации и сигурен е дека набрзо ќе се оствари и таа цел.

Асобал лигата ја напушта како еден од најдобрите стрелци на истата, во која доминира Хуанин Гарсија, единствениот кој досега ја надмина бројката на 2000 постигнати голови, додека Лозано има постигнато 1639 и се очекува на оваа бројка да се додаде и уште некој.

Во 2001-та година ја имаше шансата да игра во странство, во време кога и другите играчи самошто започнуваа да ја градат својата интрнационална кариера, но ја немаа таа шанса да играат за толку голем тим како Кил.

Лозано Кил
фото:www.thw-provinzial.de

Тоа е најмоќниот германски а и светски клуб. Ракометната култура која се чувствува таму не може да се почуствува на ниедно друго место.

Деметрио Лозано како што напомена погоре во интервјуто, и покрај тоа што става крај на својата спортска кариера ќе продолжи и во иднина да го пренесува своето ракометно знаење и искуство на помладите ракометни генерации, како универзитетски професор и преку работата во шпанската ракометна федерација.</div>