Дебитантот во СЕХА се „сили“: Да го победиме и Металург

Вечерва од 20.45 часот во Панчево се среќаваат екипите на Динамо и Металург, а тоа е дуел од 2. коло во СЕХА-лигата. Двата тима имаа различен старт на сезоната. Динамо славеше како гост со 29:24, додека Металург не успеа во дербито против Вардар каде што во саботата беше поразен со 23:32 на домашен терен.

Тренерите на двете екипи велат дека токму тие се најмладите во СЕХА лигата сезонава. За Динамо од е дебитатска сезона, а Металург по шести пат ќе игра, но сезонава со една од најмалку искусни состави што досега го имале тимот од Автокоманда. Ова е шансата за Металург да ги поправи работите и да дојде до победа, но и домашните гледаат своја можност да се изборат за нов триумф.

„Ни претстои тешка средба против Металург. Имавме добар старт откако го совладавме тимот на Војводина, но потоа имавме долг пат до Лисабон. Мораме да бидеме вистинските на дуелот против Металург. Тоа е тим кој е редовен учесник во Лигата на шампионите, а ги предводи еден, би рекол господин тренер, кој со репрезентацијата на Хрватска направи фантастични работи. Она што можам да го ветам играчите ќе дадат сè од себе да одиграме што е можно подобро. Динамо го има најмладиот тим во ова натпреварување, но имаме и неколку играчи што уште не се доволно заздравени, па ќе видиме со какви сили ќе истрчаме на терен“, изјави тренерот на Динамо Панчево, Иван Петковиќ.

На ова се надоврзa и еден од играчите на Динамо, Милош Баруџиќ.

„Целата наша екипа верува во тоа дека можеме да изненадиме како што го направивме тоа во Нови Сад. СЕХА-лигата ќе ни дојде добро да се докажуваме против исклучителните ривали. Мислам дека во оваа сезона ќе стекнеме многу искуство.

Тренерот на металурзите, очекува ова да биде далеку подобар натпревар отколку оној против Вардар и да бидат отстранети сите грешки.

„Ако сакаме позитивен резултат против Динамо Панчево мора да ги поправиме грешките. Стартувавме со пораз против најголемиот фаворит за трофејот, но имаше и некои позитивни работи на тој натпревар. Имаме многу млада екипа, најмлада во лигата и за нас секој натпревар е важен за собирање искуство и сакаме да напредуваме од натпревар во натпревар“.

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски, смета дека на екипата и е потребно време за да може да го покаже вистинското.

„СЕХА-лигата е многу важна за нас младите ракометари за собирање на искуство, бидејќи играме против квалитетни тимови. Очекувам на овој втор натпревар да одиграме многу подобро откаколку на првиот. На оваа екипа и е потребно малку време да се воигра, бидејќи имаме неколку нови играчи, а во тимот се приклучија и неколку младинци. Мислам дека од натпревар до натпревар ќе напредуваме се повеќе и повеќе“.