Даскалоски и Лазаревски ќе го „помирисаат“ теренот на светското првенство

Македонската ракометна репрезентација ќе го заврши својот настап на светското првенство во Германија и Данска со борба за пласман на 15. место во рамките на Президент Купот.

Кога веќе не се бори за висок пласман македонската селекција се одлучи да направи две измени за последниот дуел. Шанса да заиграат на овој Мундијал ќе добие искусниот голман Златко Даскалоски, а свое официјално деби за македонската селекција ќе има и Милан Лазаревски.

Голманот на второлигашот Стразбур од Франција, Даскаловски ќе го запише својот прв настап на мундијалот, a овој дуел ќе биде деби и за кружниот напаѓач на Металург Лазаревски.

Последниот дуел за Македонија на овој шампионат ќе го одигра со селекцијата на Чиле, дуелот се игра од 13:00, а нема да ги гледаме голманот Борко Ристовски и младиот ракометар на Металург Марио Танковски на чие место ќе заиграат Даскаловски и Лазаревски.

На овој шампионат Македонија ги совлада Бахреин и Јапонија, а загуби од Хрватска , Шпанија и Исланд во групната фаза, а потоа и од Русија во првиот дуел од Президент Купот.