Даскаловски потпишува за Темишвар

Голманот на Вардар, Златко Даскаловски ги напушта „црвено-црните“ и во наредните две години ќе настапува во романскиот клуб Темишвар. Даскаловски изјави дека неговата желба да брани стандардно, како и одлуката на неговиот досегашен клуб Вардар да не го продолжи неговиот договор и дополнително да се засилува на голманската позиција, биле пресудни тој да ја смени средината и да замине во Романија.Преку стандардните настапи на голот на Темишвар, Даскаловски се надева дека повторно ќе се избори за место на поширокиот репрезентативен список.
Во својата кариера тој има настапувано за Струга Илинден,Вардар,Тинекс Пролет, Анкара, и Ловќен.