Дарко Димитриевски останува во Шпанија, продолжува во Адемар Леон

Младатата надеж на македонскиот ракомет, Дарко Димитриевски од Пуерто Сагунто продолжува во Адемар Леон, екипа која има позабележителни успеси на европска сцена. Дарко Димитриевски ќе има можност да ги покаже своите квалитети не само во Асобал лигата, туку и на европска сцена, каде неговиот нов клуб ќе игра во рамките на ЕХФ Купот. Дарко Димитриевски беше еден од најзаслужните за обезбедувањето опстанок на Пуерто Сагунто во шпанската лига. Пред да дојде во Шпанија, го носеше дресот на Катар Спорт, а во Македонија беше играч на МРК Вардар и РК Куманово. Пред неколку месеци Димитриевски стекна “статус” репрезентативец на македонската сениорска репрезентација.