Данските херои пречекани од илјадници фанови во Копенхаген (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Данска доминантно ја освои титулата светски шампион на Мундијалот што се одржуваше изминатите две седмици.

Момците на Николај Јакобсен беа супериорни во финалниот двобој со Норвешка и немаше дилеми уште од стартот кој ќе слави.

По финалето се славеше во Хернинг, а вечерва илјадници ракометни фанови ги пречекаа ракометарите на плоштадот во данската престолнина – Копенхаген.

Каква беше атмосферата, погледнете во видео прилогот….