Дали ЕХФ ќе го казни Келце за „пријателската“ парола за Дибиров!

Дуелите меѓу Вардар и Келце секогаш биле полни со искри и борбеност, не само на теренот туку и на трибините. Лани особено беа жустри дуелите кога имаше многу искри и во Полска и Скопје, а поради транспарентот истакнат на трибините во „Јане Сандански“ беше казнет Вардар. Тогаш Талант Душебаев збесна на прес конференцијата, а потоа Вардар плати казна.

Но, сега слично беше и во Полска. Таму на трибините се појави транспарент за „добредојде“ на вардарци, односно за Тимур Дибиров. Рачно напишаниот транспарент со навредлива содржина целиот натпревар бил во рацете на навивачите кои исто така во повеќе наврати вербано ги навредувале нашите ракометари.

Толку од пријателството меѓу управите на клубовите. Полјаците бе гневни за паролата во Скопје, но ништо не сторија истото да не се случи и кај нив и да покажат ниво. Делегатот на средбата воопшто и не реагирал кај домаќините и обезбедувањето истата парола да биде отстранета, и таа во текот на целиот меч била на трибините мешу навивачите на Келце.

На дуелот во Полска лани имаше и физички контакт меѓу тренерот Талант Душебаев и Стојанче Стоилов. Имаше пријава до ЕХФ, па објаснувања и сето тоа ја вжешти уште повеќе атмосферата пред вториот дуел.

Сега се очекува ЕХФ повторно да се позанимава со Келце и нивното гостопримство, особено што лани им простија з авербалните и физички навреди и напади, со обрзаложение дека немале доволно докази. Оваа фотографија е повеќе од доволно ЕХФ да отвори истрага.