Давид Дејвис доби подарок: Безбол палка за мотивација во соблекувалната на Веспрем (ФОТО)

Во продолжението на сезоната после Светското првенство екипата на Веспрем бележи одлични резултати. Успесите се резултат на квалитетот и широкиот ростер, но можеби и на мотивираноста на играчите. Во Веспрем по се изгледа имаат некои чудни техники на мотивирање на играчите, па на еден од последните тренинзи во соблекувалната, Давид Дејвис се појави со безбол палка.

По говорот во соблекувалната во Балатонфуред, Петар Ненадиќ го изненади својот тренер со несекојдневен подарок и на поранешниот тренер во Вардар му подари безбол палка. Дејвис се пофали пред неговите играчи, а исто така и на социјалните мрежи со најновиот подарок што го доби во вид на мотивациска алатка.

Дали новата алатка за мотивирање дала резултат ќе можеме да видиме веќе во сабота кога Веспрем ќе гостува кај Келце во обид да го зачува 2. место на табелата во групата А од Лигата на шампионите.