Горење го зададе првиот удар, но кој последен се смее… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург ќе ја напушти Словенија со пораз од пет гола, 19:24, но јасно е дека нема да се предаде и дека на домашен терен ќе има што да покаже.

Во ваквите натпреварувања каде што сè се решава на возвратните дуели некогаш и 10 гола знаат да бидат малку, а има многу примери кога имало големи враќања и победи.

Затоа ништо не е загубено. Според прикажаната игра во првото полувреме Металург има противигра за Горење и затоа на реваншот ќе има што да се види и да се покаже. Дефинитивно металурзите нема да бидат во подредена улога и ќе можат да се надигруваат.

Инаку, овие пет гола ќе бидат голем предизвик, но секогаш е послатко кога е така. Затоа, прво треба да се одработи реваншот, па потоа ќе се види кој колку може. Не е важно кој го задал првиот удар, туку кој последен ќе се насмее.

Фото: Јуриј Водушек