Голем инцидент во Романија: Тренер удри играч од противничката екипа!

На натпревар од младинското првенство на Романија помеѓу ЦСУ Сучеава и ЛПС Сучеава се случи голем инцидент. Тренерот на ЦСУ, Адриан Чирут физички нападна играч од противничката екипа.

Инцидентот се случил веднаш штом играчот Лазаручи бил исклучен затоа што намерно го погодил противничкиот голман со топка во лице. Кога го напуштал теренот, играчот беше пречекан од тренерот Чирут. Од таму започна сè, двајцата започнаа да се расправаат.

Во расправијата тренерот на ЦСУ го удри играчот во пределот на ребрата. Чирут продолжил да биде агресивен и понатаму, а на прашање од новинарите за инцидентот ја завршил дискусијата веднаш.

Федерациајта на Романија ќе ја разгледува оваа ситуација и ќе оцени кој е винивник за инцидентот и дали ќе има казни за инволвираните во настанот.