Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Спартак Москва и Еурофарм Работник (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел во СЕХА лигата.

Ривал на битолчани ќе биде Спартак Москва, а за да бидат чеврти во групата Б, мора да победат на незгодното гостување во Русија.

Доколку слават ривал во четвртфиналето ќе им биде Нексе Нашице, а доколку загубат одат на Војводина или Татран Прешов.

Натпреварот меѓу Спартак Москва и  Еурофарм Работник се игра денеска во 14:30 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.

(Линкот работи само со поддршка на екстензијата HOLA и не работи преку мобилен телефон. За сите оние кои се надвор од границите на Македонија, линкот е отворен доколку ниту еден национален бродкастер не ги откупил правата за СЕХА).