Германија и Данска знаат како: Организаторите на СП очекуваат профит од милиони евра

Германскиот ракометен сојуз предвидува рекордна финансиска добивка од организацијата на Мундијалот 2019 чии домаќини се Германија и Данска.

“По стартните анализи на Светското првенство очекуваме седумцифрена финансиска добивка. Овие пари ќе можеме да ги искористиме за развој на ракометот”-истакна генералниот директор на Германскиот ракометен сојуз, Марк Шобер.

Приходите во однос на продадени билети за почетната фаза на СП како и приходите од спонзорите се огромни. Само за време на првиот круг на Мундијалот изнесуваат 25 милиони евра од кои 15 милиони ќе и припаднат на Германија а 10 на Данска.