Генсхајмер: Македонија е искусна репрезентација која игра многу паметно

Актуелниот европски шампион репрезентацијата на Германија, не успеа да ја оствари својата намера да го заземе првото место во групата Ц, благодарение на нерешениот резултат за кој се избори четата на Раул Гонзалез во една непоштедна борба на денешниот натпревар.

Еден од најдобрите поединци во тимот на Германија Уве Генсхајмер не го криеше своето незадоволство од денешниот исход но ја призна големината на „ црвено – жолтите “ момци.

„ Не игравме на највисоко ниво. Сакавме да стигнеме до првата позиција, особено денеска. Денешниот натпревар беше навистина тежок. Македонија е искусна репрезентација која игра многу паметно. Имавме шанса во првото полувреме, имавме и водство но не ги искористивме шансите. Разочаран сум од ремито бидејќи го посакувавме тоа прво место во групата. “ заврши Генсхајмер