Врањеш одбра 20 Словенци за ЕП и за натпреварот со Македонија (ФОТО)

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, ги одбра патниците за Европското првенство. Тие 20 ракометари што се најдоа на скратениот список, ќе бидат дел и од натпреварот со Македонија.

Тој натпревар се игра на 3 јануари од 19:00 часот.

Од претходниот список на Врањеш, отпаднаа четворица ракометари – голманот Рок Запоншек, крилото Симон Разгор, како и бековите Грегор Поточник и Матиц Грошељ.

Словенија ќе игра во групата Ф на Европското првенство во Гетеборг, заедно со домаќинот Шведска, Швајцарија и Полска.