Во контрола, Пролет загуби од битолчани

Екипата на Пелистер победи на контролниот меч во Скопје против составот на Пролет со 35:27 откако во најголемиот дел од средбата беше во предност и немаше никакви проблеми да го одржи водството. Пелистер покажа повеќе од играа, а домашните без двајцата голмани кои се повредени немаа доволно цврстина во одбраната.

Во првите 30 минути од средбата беше израмнето. Пелистер беше во предност, но домашните успеваа да бидат блиску и да се одржуваат на гол до два негатива. Сепак, во продолжението дојде до израз одбраната. Пелистер имаше повеќе цврстина и сила и успеа во серија со неколку гола да дојде до предност со што во финишот дојде до високи осум гола и конечни 35:27.

Оваа игра може да го радува тренерот на Пелистер, Стевче Алушевски така што остануваат уште финеси пред стартот на сезоната. За разлика од него, Илија Темелковски го очекува уште многу работа за да дојде до посакуваната игра.

ПРОЛЕТ 62 – ПЕЛИСТЕР               27:35 (15:17)

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје.

ПРОЛЕТ 62: Кристо, Ставровски, Василевски 4, Аларов 3, Јовчевски 1, Мајнов, Марковски, Ролевски 5, Гроздановски, Трајковски 1, Дамчевски 1, Љубевски, Андоновски 4, Стојановски 2, Манасков 2, Џонов 4

ПЕЛИСТЕР: Рајчиќ, Раковиќ, Маџовски 3, Ивановски 1, Босеовски, Чантурија 3, Јагуриновски 5, Димитровски 1, Давидовиќ, Лазаров 12, Оронахидзе 2, Митиќ 3, Ивиќ, Митревски, Тодоровски 2, Апостоловски 2, Муриќ, Везенковски 1ro