Вистинска битка во рускиот шампионат

По три изиграни натпревари во финалната серија голема е неизвесноста во завршницата на руското првенство оваа година.Пред неколку дена екипата на Динамо успеа да победи во првиот напревар на домашен терен, но уште следниот ден претрпе минимален пораз со што очекувањата на руската јавност беа насочени кон екипата на Лада и многумина веруваа во нивната способност, на домашен терен да доминираат и после пауза од неколку години да ја земат титулата во свои раце. Сепак избраничките на  Виктор Рјабих не се откажаа од битката за првото место и во денешниот натпревар во Тољати успеаа убедливо да ги совладаат актуелените освојувачи на ЕХФ купот со резултат од 29:22.

Следниот натпревар е на програмата веќе утре и доколку екипата на Динамо успее да забележи победа ќе успее да ја одбрани тутулата во домашното првенство, во спротивно ќе се игра петти решавачки натпревар.

Во битката за третото место Звезда успеа да забележи нова победа над екипата на Ростов Дон со резултат 25:24 (11:13) и поведе со 2:1 во финалната серија. Следниот натпревар помеѓу овие две екипи исто така може да биде решавачки за носителот на третото место и истиот се игра утре со почеток од 19:00 по локално време.