Висла Плок намали на 2-1 во финалната серија против Киелце

По двата порази минатиот викенд во Киелце, ракометарите на Висла Плок беа решени на свој паркет да дадат се од себе и да пробаат да се вратат во игра во оваа финална серија. Овој викенд серијата се префрли во Плок, во Орлен Арена каде се знае кој ја има предноста. Висла одлично го започна овој натпревар, концентрирано во одбраната и со ладни глави во нападот, па веќе во 8 минута имаше предност од 2 голови разлика. Таа предност успеваше да ја одржи во поголемиот дел од првото полувреме пред се благодарение на извонредниот Мариуш Јуркевич, како и со импресивната игра во одбрана и големата желба да се дојде до триумф на овој натпревар. Висла во овој период од натпреварот неколкупати имаше можност да поведе и со 4 голови разлика но промаши неколку зицери и им даде шанса на гостите да се вратат во игра. Киелце како искусен тим ја искористи таа шанса и  во 25 минута успеа да се доближи на само еден гол разлика 12-11. До полувремето се играше гол за гол,  за конечни 15-14 во корист на Висла.

Јуркевиќ
фото:wwwsprwislaplock.pl

На почетокот на второто полувреме свои моменти на голот на Киелце имаше Славомир Шмал , по што гостите со голот на Иван Чупиќ поведоа за првпат на овој натпревар со 16-17 во 39 минута. Но, тоа не влијаеше поразително на домашната екипа, која  носена на крилата на своите фанови успеа повторно да се врати во игра и со головите на Монторо и Сипрзак од конта напад повторно дојде до највисоките 3 голови разлика 22-19 во 48 минута. Одличната домашна одбрана овозможи нова контра за Вишњевски за 24-20 по што веќе се гледаше победникот на овој натпревар. Киелце се обиде во последните минути да направи нешто повеќе и да се врати во натпреварот но Мариуш Јуркевич кој беше незадржлив на овој натпревар го постигна својот 11-ти гол за 29-25 во 57 минута. Конечниот резултат гласеше 31-27 за Висла.

Со оваа победа Виска Плок намали на 2-1 во финалната серија и остана во трка за шампионската титула. Веќе денес не очекува уште поголема борба во четвртиот финален натпревар помеѓу овие два тима во Орлен Арената кој се игра од 17:3o часот.

 

Плок 24.о5 2014  20:30 часот (Орлен Арена)

Висла Плок – Киелце 31-27 ( 15-14)

Висла Плок: Шего/, Вичари(9 одбрани), Вишњевски 2, Гионеа 1, Никчевиќ 3, Квјатовски, Торомановиќ 2, Сипрзак 2, Ненадиќ 5, Јуркевиќ 11, Лијевски 2, Еклемовиќ 2, Монторо.

Киелце: Шмал( 8 одбрани), Лосерт(1 одбрана) Олафсон 3, Штрлек, Чупиќ 4, Грабарчук, Агинагалде 1, Муса, Јурецки, Ткачик 1, Чрапковски 3, Биелицки 7, Бунтиќ 8, Зорман 2, Росински.