Виборг се врати на тронот во Данска!

Екипата на Виборг по три години пост успеа да го врати приматот во Данска. Во едно неизвесно финале против ФЦ Митјiланд ( учесникот на фајнл фор во Будимпешта), најпрво беа поразени на гостински терен со 23-25, за во реваншот да успеат да слават победа од 3 голови разлика (24-21) и да стигнат до својата 14 шампионска титула. Со претходно освоениот национален куп и освојувањето на Kупот на победниците на куповите ја комплетираа сезоната со три трофеи во своите витрини.

Чана Масон (голман, Виборг):

Се чуствувам многу подобро отколку после првиот натпревар. Многу сум среќна. Успеавме да ја завршиме сезоната на најдобар начин. Како што знаете бев многу тажна по првиот натпревар, но верував дека ние можеме да одиграме многу подобро и тоа го направивме денес. Публиката беше нашиот играч плус на овој натпревар. Нивната подршка многу ни значи.Кога сме заедно со нив тогаш никој не може да не победи.

Луис Бургард ( десен бек, Виборг):

Ова чуство е прекрасно, едноставно кулминација на сезоната. Ја дојдов во Виборг за да напредувам во кариерата и да освојувам титули, и веќе во мојата прва сезона овде освоив три.

Изабел Гулден ( централен бек, Виборг- 8 голови во финалето):

Ова е фантастично чуство. Не можам да опишам. Сезонава почнавме многу лошо, иако на хартија имавме многу силен тим. Не успеавме да се квалификуваме во лигата на шампионите, а и во првенството не бевме најдобри. Во текот на сезоната ни се повредија доста играчи и имам чуство како оваа сезона да траеше три години. Ако некој пред сезоната ми речеше дека ќе ја завршиме со шампионска титула, куп титула и победа во Купот на победниците на куповите, немаше да верувам.