ВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМИ: Лука Циндриќ оди во Барселона!

Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ, се подготвува за трансферот на кариерата. Тој по само една сезона си заминува од полскиот првак Келце и од следната година се сели во каталонскиот гигант Барселона. Ова во интервју за германските медиуми, го откри претседателот на Келце – Бертус Сервас.

„Мислам дека иднината пред нас ни е светла, бидејќи планираме се на вистински начин. Ќе го загубиме Лука Циндриќ, кој оди во Барселона, но ќе го добиеме Андреас Вулф, кој ќе не направи за 15-20% посилни на голманската позиција, секако со должна почит кон нашите актуелни голмани. Вулф е навистина нешто посебно. Циндриќ сака да си оди, а јас во својот клуб не сакам играчи што ќе бидат тука против своја волја. Преговорите се скоро завршени. Трансферот ќе се реализира ова лето, недостасуваат само потписи“, изјави Сервас.

Циндриќ кој сезонава се соочува со големи проблеми со повредите, успеа да ги надмине и да се врати во вистинска форма од следната сезона ќе игра во тимот од неговите соништа.