Ветеранот не ја напушта Висла Плоцк, се сели во тренериѝ

Ракометарот кој беше симболот на тимот на Висла Плоцк, репрезентативецот на Полска, Марцин Вихари и покрај бројните понуди за продолжение на својата кариера се одлучи да стави крај на играњето. Голманот кој има 39 години за вицешампионот на Полска настапуваше од 2004 година и стана икона на овој тим, а беше и еден кој секогаш прикажуваше добри партии кога играше против репрезентацијата на Македонија.

Информацијата за неговото завршување на кариерата беше позната уште од поодамна, но, сепак, се вртеа разни шпекулации дека Вихари ќе ја продолжи кариерата во некоја од екипите во Полска. Сепак, до такво нешто не дојде, а најверојатно овој голман ќе стане тренер на некоја од младинските екипи во Висла Плоцк.

Во својата кариера освен за Висла Плоцк настапуваше и за Варшавјанка како и за Спарта Забже. Ги бранеше боите на Полска од 2003 до 2016 година, а најголем успех му е бронзениот медал од Мундијалот во Катар во 2015 година.