Веспрем ќе игра два меча денеска, еден по друг!

Тимот на Веспрем по поразот од Келце во Лигата на шампионите денеска ќе се враќа на победнички патеки, а за тоа ќе има две шанси.

Набиениот распоред во трите натпреварувања (ЛШ, СЕХА и унгарскиот шампионат) предизвикува големи проблеми за Веспрем, но унгарскиот гигант има широк ростер, па може да си дозволи да одигра два меча во еден ден, и тоа еден по друг.

Најпрво Веспрем ќе игра со младинскиот состав (засилен со некои првотимци) против рускиот Спартак Москва од 17:15 часот во меч од СЕХА лигата, додека на истото место, во „Веспрем Арена“ ќе се соочат избраниците на Давид Дејвис со тимот на Чурго во натпревар од унгарскиот шампионат.

Веќе навикнавме Мешков Брест и Мотор Запорожје со вторите, некогаш и со третите состави да играат во регионалната конкуренција, а сега и Веспрем тргнува по нивните патеки.