Веспрем не ја почитува СЕХА: Со младински тим на далечното гостување во Русија!

По поразот од Кил во Лигата на шампионите, составот на Веспрем го чека натпреварот во регионалната СЕХА лига против рускиот Спартак Москва.

Патување во руската престолнина претставува проблем за сите екипи поради далечината, па Веспрем реши првиот тим да остане да се подготвува дома за средбата од ЛШ против Монпелје, а за Москва да патува со младинската екипа.

Младинскиот тим ќе биде „засилен“ со првотимците Борут Мачковшек и голманот Мартон Секели, кои не настапија против Кил во Лигата на шампионите.

Токму поради Веспрем се зголеми бројот на учесниците во лигата и беа поделени во две групи, а сега унгарскиот тим го прекршува ветувањето дека нема да се случуваат вакви работи и настапи со младински екипи. Лани Мешков Брест цело време играше со комбиниран тим или со младинци, а еднаш и Вардар ја примени оваа стратегија кога гостуваше кај Мешков.