Веспрем и Манасков „мелат“ сè со ред во домашното првенство

Во досегашниот дел од првенството на Унгарија, Веспрем го имаше најтешкиот противник во Татабања, но и тоа не беше пречка, па екипата на Дејан Манасков оствари нова убедлва победа на домашен терен со 33:22.

Дејан Манасков продолжува со добрите настапи во шампионатот на Унгарија, а на овој дуел постигна три гола и беше единственото лево крило во составот на Давид Дејвис. До 23. минута Татабања успешно се одржуваше во натпреварот, а резултатот беше 10:10. Во финишот на првиот и почетокот на вториот дел домаќинот направи серија 6:0 што беше доволно за победа на натпреварот.

Најдобар во екипата на Веспрем беше Кентин Мае со седум гола, а Робин Тонесен постигна шест гола. Кај Татабања најефикасен беше Матијас Ѓор, кој петпати беше прецизен, додека Габор Анчин четирипати се запиша во листата на стрелци.

Следниот дуел на Манаасков со Веспрем е против Мотор Запорожје во Лигата на шампионите на домашен терен.