Веспрем без капитенот во декември против Вардар

Екипата на Веспрем на средбата против Келце покрај тоа што претрпе пораз со 33:34 остана и без својот капитен Мате Лекаи и тоа на подолго време. Практично тоа е единствениот Унгарец кој има минутажа во Веспрем бидејќи другите се главно играчи од другите земји.

Лекаи се повреди при акција, па мораше да го напушти теренот. Има повреда на ногта, а според информациите мора да бидат направени дополнителни прегледи за да се постави комплетната дијагноза така што уште не се знае дали ќе биде потребна хируршка интервенција за негово закрепнување.

Она што дефинитивно е познато е дека ќе ги пропушти средбите до крајот на овој дел од сезоната на кои Веспрем ќе треба да игра два дуели со Мешков Брест, дома со Келце и на гости со Вардар. Дефинитивно во Скопје ќе го нема капитенот, па ова ќе биде проблем за Давид Дејвис кој останува без искусен ракометар.

Сепак, дали ќе може да се врати на терените во февруари кога ќе продолжи Лигата на шампионите ќе се знае дополнително.