Вардар со „јуниор“ против Нексе

Ракометарите на Вардар в недела ги очекува последниот натпревар од регуларниот дел во регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице.

Победата над Татран Прешов беше доволна за да се обезбеди првото место во групата, па шампионот може да си дозволи луксуз дапатува со младите вардарци во Хрватска.

На пат со автобус ќе заминат 11 ракометари меѓу кои голманите Кизиќ и Гогов, потоа крилата Димитриоски и Ќосевски, пикерите Анѓелковски, Атанасовски и Гашовски, како и бековите Кукуловски, Карапалевски, Крстевски и Дука.

Младите вардарци ќе ги води стратегот на Вардар Јуниор, Столе Петрушевски. Натпреварот со Нексе се игра в недела, на 15 декември со почеток во 20:15 часот.