Вардар рутински до пласман во полуфиналето на Купот на Македонија

Денес во СРЦ,, Кале’’ се играше една од осминафиналните групи од македонскиот машки ракометен куп. Во групата учествуваа домаќинот Вардар, Охрид 2011 , и екипата на Металург Јуниор. Вардар на овие натпревари одлучи да им даде шанса на оние ракометари кои поголемиот дел од сезоната не беа во комбинација за настап, па денеска на голот по подолго време ги видовме Даскаловски и Чаневски, Јовчевски, Куковски, Најдановски, Мите Стоилов и Терзиќ.

Вардар- Охрид 2011 36-19 (18-8)

Првиот натпревар се одигра од 13:00 часот, во кој  Вардар рутински ги совлада гостите од Охрид со 36:19. Добривоје Марковиќ со 8 гола беше најпрецизен во домашната екипа, Филип Лазаров постигна 6, додека Тимур Дибиров и Владо Недановски пет пати се запишаа во листата на стрелците. Најрасположен ракометар во екипата на Охрид 2011 беше Соколов постигнувајќи 5 голови.

Вардар-Металург Јуниор 36-20

Во вториот  натпревар кој на програмата беше од 19:00 часот,  Вардар скоро идендично го совлада тимот на Металург Јуниор со високи 36-20 и го завери пласманот во полуфиналето на  македонскиот ракометен куп кој се игра престојниов викенд (17 и 18 мај) во Охрид. Младиот тим на Металург мотивирано го започна овој натпревар и преку својот ракометен бисер Филип Талески во почетните десетина минути имаше предност од два гола. Но тоа беше се што сторија младите Металурзи. Вардар притисна во одбраната, го неутрализира Талески и најчесто преку лесни контри го торпедираше голот на Металург Јуниор. Марковиќ со 10 голови беше најпрецизен Вардаров играч, додека Бриумен 6 пати се запиша во листата на стрелците. Кај Металург Манасков постигна 7, а Талески беше стрелец на 5 голови.

Полуфинални натпревари ( 17 мај, СЦ „Билјанини извори“, Охрид)

РК Вардар Скопје – РК Тинекс Пролет

РК Металург – РК Зомимак M Струмица

*Финале ( 18 мај, СЦ „Билјанини извори“, Охрид)*