Вардар подобар од Тинекс Пролет

Како увертира пред многу позначајниот полуфинален куп натпревар кој се игра престојниот викенд, Вардар ја совлада екипата на Тинекс Пролет со убедливи 43-24(21-9).Натпревар кој наликуваше и на повеќето натпревари кои Вардар ги одигра оваа година во Суперлигата. Тотална доминација на домаќинот која беше демонстрирана преку одличната одбрана и лесно реализираните контри.
Тимур Дибиров беше најефикасен во домашниот состав постигнувајќи 11 голови, додека Чипурин и Терзиќ постигнаа по 7.  Во екипата на Тинекс Пролет, Цветковски и Стефанов 6 пати ја погодија вардаровата мрежа.