Вардар губи уште една ѕвезда: Вуко Борозан летово заминува од Скопје!

На СЕХА Ф4 турнирот во Брест екипата на Вардар допатува без Вуко Борозан, и тоа веднаш отвори многу шпекулации околу иднината на Црногорецот во дресот на „црвено-црните“. Од декември 2018 кога имаше операција на коленото тој се појави само на неколку натпревари и е далеку од формата по која го познаваме.

Последната информација вели дека Борозан во јуни заминува од Скопје. И менаџерите на играчот потврдија дека летово Борозан заминува од Скопје, но не ја откриваат дестинацијата. Клубот веројатно до крај на сезоната нема да се произнесе за можниот трансфер на Борозан, но факт е дека Барселона и Веспрем се заинтересирани за бекот на Вардар.
Унгарија е дестинација што е поверојатна за Борозан најмногу поради фактот што таму тренер е Давид Дејвис и плус брани Арпад Штербик. И двајцата ги знаат квалитеите на бекот на Вардар и тие ќе им бидат потребни ако Веспрем сака да биде во европскиот врв, но и да не дозволи ПИК Сегед да ја прекине нивната доминација.Особено Штербик бил за заминување на Борозан во Веспрем ако за тоа постои можност.

Борозан има уште две сезони од договорот со Вардар, но тој ќе биде раскинат. Во ракометните кулоари се шпекулира дека всушност договорот е раскинат но нема да се објави до јуни. Дотогаш Борозан ќе игра, односно ќе биде член на клубот.
Една од причината за заминувањето на Борозан е беспарицата што го тресе клубот, но и наводното „незалгање“ со избегнување на тренирање и звршување на обврските.

Сигурно е дека од Вардар во јуни Игор Карачиќ ќе замине, заедно со Фожерио Мораеш. Карачиќ заминува за Кјелце а Мораеш оди во Веспрем. Можно заминување е најавено и за Даинис Криштопанс кој од 2020 потпиша за ПСЖ, но клубот уште отсега сака да го донесе.

2 Responses

  1. bahis siteleri at |

    perfect

    thank you for a very good article

  2. A片 at |

    ????

    goodddd thankssss youuuu