Вардар во групната фаза на Лигата на шампиони!

На состанокот на извршниот комитет на ЕХФ во Умаг, донесена е одлуката за изгледот на групната фаза за следната сезона на лигата на шампионите.
Во сезоната 2014/2015 освен веќе квалификуваните шампиони од досегашните земји учеснички во лигата на шампиони, директно учество во сезоната 2014/2015 обезбедија и Вардар, Париз Сент Жермен, Монпеље, Пик Сегед, Орлен Висла Плок. Одбиени беа апликациите на словенечкиот вицепрвак Горење, шведскиот Ескилстуна и италијанскиот Јуниор Фасано.
Доколку не се подобри политичката ситуација во Украина, се остава можноста да му се одземе местото на украинскиот шампион Мотор Запорожје и на негово место да дојде Горење Велење.

Во квалификациската фаза за групите

во Лигата на шампиони место обезбедија:

Во групната фаза ќе учествуваат следниве екипи:
Алпла ХЦ Хард (Австрија) Алборг Хандболд (Данска)
Бешикташ ЈК (Турција) Алингсас ХК (Шведска)
ХЦМ Констанца (Романија) ФК Барселона (Шпанија)
Хаслум ХК (Норвешка) РК Цеље Пивоварна Лашко (Словенија)
Инитиа Хасселт (Белгија) Чековски Медведи (Русија)
Јуниор Фасано (Италија) Данкерк Гранд Литорал (Франција)
РК Мешков Брест (Белорусија) СГ Фленсбург-Хандевит (Германија)
РК Мотор Запорожје (Украина) Кадетен Шафхаузен (Шведска)
ФК Порто (Португалија) ТХВ Кил (Германија)
Татран Прешов (Словачка) КС Виве Тарги Киелце (Полска)
РК Таргос Бево (Холандија) КИФ Колдинг (Данска)
РК Војводина (Србија) РК Металург (Македонија)
Монпеље АХ (Франција)
Натурхаус Ла Риоха (Шпанија)
Орлен Висла Плок С.А. (Полска)
Пик Сегед (Унгарија)
ПСЖ ХБ (Франција)
Рајн Некар Ловен (Германија)
РК Вардар (Македонија)
МКБ-МВМ Веспрем (Унгарија)
РК Загреб (Хрватска)

Оваа сезона нема да има турнир со “вајд-карта”, туку само победниците од трите квалификациски групи ќе им се придружат на тимовите кои се директно пласирани во групната фаза.
Победникот на Лигата на шампиони 2013/2014, германскиот клуб Фленсбург Хандевит исто така обезбеди директен пласман во групната фаза.