Вардаровиот “кошмарен” судиски пар избран за најдобар во шпанската Асобал лига

Судиската двојка Оскар Ралуи и Ангел Сабросо од страна на сите клубови учесници во шпанската Асобал лига се избрани за најдобар судиски пар во Шпанија за изминатата сезона. Со овој избор тие го повторија успехот кога и во сезоната 2012/2013 беа избрани за најдобра судиска двојка.

По успехот во сопствената држава добиваат чест да судат и на меѓународна сцена. Покрај редовното делење на правдата во ЕХФ Лигата на шампионите, како нивни позначајни успеси може да се споменат Финалето на машкото Евроското првенство во Данска 2014 година( Хернинг) помеѓу репрезентациите на Данска и Франција, како и финалето на Светското првенство во Шведска 2011 година помеѓу истите репрезентации.

Оваа судиска двојка го судеше четврт-финалниот дуел во Лигата на шампиониоте во Скопје помеѓу екипите на Вардар и Фленсбург, кога со своите судиски одлуки го навлече гневот на сите вардарови навивачи.