Будимпешта домаќин на женскиот “фајнл-фор” и во наредните две години

По одличната премиерна организација на “фајнл-фор” турнирот во женска конкуренција минатата година, Будимпешта ја стекна довербата на ЕХФ и во наредните две години ќе биде домаќин на најдобрите четири клубови во женска конкуренција.

ЕХФ и Унгарската ракометна федерација постигнаа договор во кој се вели дека Ласло Паб Спорт Арената ќе биде домаќин на “фајнл-фор” турнирот во женска конкуренција во 2015 и 2016 година.

Минатата година Унгарскиот шампион Ѓер пред 10 000 фанатични навивачи ја освои европската титула, токму во Ласло Паб Спорт Арената, а оваа година ќе има можност да ја брани истата.