Бразилски Таубате е панамериканскиот претставник на Супер глоуб

Со пласманот на бразилскиот тим Таубате, кој е победник на панамериканскиот турнир, полека се комплетираше листата на учесници на неофицијалното светско клубско првенство во ракомет, популарниот Супер Глоуб во Катар.

На Барселона која ќе ја брани титулата освоена минатата година, друштво ќе и прават ЕС Тунис ( победник во Африканската лига на шампиони), Ел Џаиш од Азија, актуелниот првак на Европа, германски Фленсбург, како и бразилски Таубате, кој како и мината година ќе биде панамерикански претставник во Катар.

Таубате оваа година беше домаќин на 7-от панамерикански клубски ракометен турнир. Учество земаа чилеанскиот претставник Лутерано кој турниот го заврши уште по првата фаза, аргентинските тимови КолехиоВард и Саг Виња Балесте, како и бразилските Таубате и Пињеирос кои првата фаза ја завршија без пораз.
таубате

Екипата на Колехио Вард со 25-24 го совлада Балесте и успеа да го освои третто место на турнирот.Финалниот натпревар помеѓу Таубате и Пињеирос ни понуди права ракометна драма и заврши со нерешен резултат 23-23. Бидејки на панамериканскиот турнир вкупната гол разлика беше одлучувачки фактор која екипа е шампион, екипата на Таубате веќе можеше да ја прослави титулата и го обезбеди својот билет за Катар.

Весли Апаресидо Фреитас и Андре Винициус Мендес постигнаа по 5 голови за Таубате, исто како и Фелипе Сантана за Пињеирос. Најдобар стрелец на турнирот беше Франциско Часана од екипата на Лутерано кој постигна 30 голови.

По овој турнир веќе може да кажеме дека скоро се комплетираше списокот на учесници на Супер Глоуб турнирот во Катар. Останува уште нејасно прашањето кој ќе биде претставник на Океанија. Сиднеј Универзити кој беше претставник на Океанија минатата година важи за фаворит и оваа година. Турнирот ќе биде одигран во втората половина на септември. Минатата година победник беше екипата на Барселона која успеа да го победи Хамбург со 27-25. Таубате се пласираше на 6 место.