Борко со Барса во финалето на Купот на Каталонија

Голманот на Барселона и на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски е на чекор од третиот пехар во кратко време откако се пласираше во финалето во Купот на Каталонија. Ристовски беше прв избор за голот во победата од полуфиналето против Сант Естеве со 32:21.

Во финалето Барселона ќе игра против Гранолерс, но уште не е прецизиран датумот на одигрување на средба.

Инаку, Барселона покрај тоа што победи во Супер купот на Шпанија го освоија трофејот и на Светското клупско првенство во Катар така што во Купот на Каталонија ќе одат по третиот пехар.