Белорусите фаќаат залет за ЕП

Во подготвителниот период за Европското првенство репрезентацијата на Белорусија се тестираше со вториот тим на Шпанија. Белорусите излегоа поуспешни од во овој дуел со 30:26.

Клучната разлика за победата Белорусите ја направија во првото полувреме кога имаа предност од 15:10. Избраниците на Јуриј Шевцов во продолжението имаа контрола на мечот и стигнаа до победа.

На турнирот „Четири нации“ кој се игра во Полска освен дуелот Белорусија – Шпанија Б се одигра уште еден натпревар во кој домаќинот Полска славеше против Обединети Арапски Емирати со 28:15.

Пријателски натпревари, резултати:

Белорусија – Шпанија Б 30:26 (15:10)
Полска – ОАЕ 28:15 (16:9)
Македонија – Алжир 25:24 (15:9)
Словачка – Чешка 24:21 (9:8)
Романија – Холандија 27:25 (11:13)
Србија – Египет 27:28 (14:12)