Белорусите работат на долги патеки: Бебешко до 2020 година во Брест Мешков

Украинскиот тренер Сергеј Бебешко и белорускиот првак Брест Мешков ја продолжија соработката до 2020 година, по што очигледно е дека во тимот се задоволни од неговата работа.

Поранешниот тренер на нивниот некогашен ривал Динамо Минск, дојде на клупата на Мешков пред една сезона за да го замени Жељко Бабиќ кој во меѓувреме стана селектор на Хрватска.

Мешков е противник на Вардар и Металург во СЕХА регионалната лига, а со македонскиот првак ќе игра и во групната фаза од Лигата на шампионите.